Новогодишни работилници 2013

Новогодишни работилници 2013

Традиционално и оваа година, ги одржавме новогодишните работилници во Државното училиште за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски". Нашите членови, заедно со учениците, работеа две недели при што изработија најразлични декорации, кои потоа беа продадени на новогодишен базар со цел да се соберат пари за понатамошни активности на училиштето.