Матине по повод поставувањето на првиот паркинг за велосипеди

Матине по повод поставувањето на првиот паркинг за велосипеди

Уште на почетокот на фискалната година си зададовме задача што повеќе да се грижиме за околината и на секакви начини да придонесуваме кон нејзино подобрување. Токму затоа, во Лајонс Клубот Кабадаја започнавме една активност која се надеваме дека барем малку ќе придонесе кон подигнување на свеста за велосипедот како превозно средство. Поддржани од Винаријата Стоби, набавивме и поставивме еден паркинг за велосипеди пред Центарот за култура во Битола. Паркингот е изработен од страна на ДОО „Архитектри“ Скопје. Иако времето воопшто не не послужи, на настанот имавме доста гости не само од Лајонс клубовите од Битола, туку и од соседните градови. 

Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете на нашата Фејсбук страна.