Одржана Донаторска вечер во организација на Лајонс Клуб Скопје и Француската Амбасада во РМ

Одржана Донаторска вечер во организација на Лајонс Клуб Скопје и Француската Амбасада во РМ

Во прекрасниот амбиент на ресторанот Ореов Лад во Скопје се одржа Донаторска вечер во организација на нашиот Лајонс Клуб Скопје и Француската Амбасада во РМ  на која присуствуваше и Француската амбасадорка г-ѓа Лоренс Оер  почесен член на нашиот клуб.

Уште еднаш беше покажана на дело хуманоста на многубројните Лајонси проследена со дружење и дегустација на специјалитети на француската кујна  приготвени од  врвниот готвач Г-дин Yannick Debroise од Нормандија, сопственик на ресторан на Карибскиот остров Свети Мартен,  со француско вино и сето тоа пропратено со звуци на прекрасните француски шансони.

Донираните средства  од оваа вечер ќе бидат употребени за опремување  со детски столчиња на игротеката на Детската Болница при Клиничкиот центар во Скопје.