Донација за бездомници во Пунктот на Црвен крст на град Скопје кај Момин поток

Донација за бездомници во Пунктот на Црвен крст на град Скопје кај Момин поток

На ден 24.01.2014 претставници на нашиот клуб го посетија Пунктот за бездомници при што се предаде донацијата која се состоеше од: средства за лична хигиена (детергенти за перење, шампони, течен сапун) и користени обувки и облека.

На настанот кој медиумски беше покриен од телевизија Телма,  покрај претставниците на нашиот клуб присуствуваа и претставници на Црвениот крст на град Скопје и одреден број бездомници кои во тој момент се затекнаа на Пунктот.