Кошаркарски натпревари меѓу Лајонс клубовите од Битола

Кошаркарски натпревари меѓу Лајонс клубовите од Битола

На 10.05.2014 година, на иницијатива на Лајонс Клуб Кабадаја, беа организирани кошаркарски натпревари меѓу четирите Лајонс Клубови од Битола (Битола, Хераклеја, Кабадаја и БАС Кампус) и Лео Клубот Кабадаја. Натпреварите се одиграа во спортската сала во ОУ „Климент Охридски“ а целта беше да се соберат средства за купување на спортска опрема за учениците од тоа училиште.

Присутни беа претставници од сите клубови и попладнето помина во одлична атмосфера. Пријавени за игра беа 7 екипи (5 машки и 2 женски) од сите клубови, а најуспешни беа кошаркарите на Лајонс Клуб Битола.

Лајонс Клубот Кабадаја им се заблагодарува на сите клубови од Битола за учеството во оваа интересна акција. Одлично поминатото време заедно не тера да размислуваме во правец на организирање и нови, слични акции.