Регионален Лајонс лидерски институт на дистриктот (прва средба)

Регионален Лајонс лидерски институт на дистриктот (прва средба)

Во сабота 05.10.2013 година започна првиот дел од дводневниот семинар на дистрикт 132 Македонија. Се работеше за регионален лајонс лидерски институт на дистриктот. Клубот имаше четири претставници на семинарот, Давор Каракашев (претседател на клубот), Ратко Трајковски (прв потпретседател), Божидар Богоевски (секретар на клубот) и Борис Васовски. Давор Каракашев беше директор на семинарот одговорен за организација на целиот настан. За време на првиот дел главно се зборуваше за животна мисија, менаџирање на временксиот период, поставување цели и разлики. Претствниците на клубот беа задолжени да ги пренесат сите информации од лидерскиот инситут на остатокот од членовите на клубот и да ја промовираат тимската работа и самиот клуб.