Запознавање на децата со институциите во Битола /3

Запознавање на децата со институциите во Битола /3

Лајонс Клуб Кабадаја како организација која се грижи за децата, одлучи да започне една акција во која ќе се трудиме да опфатиме што е можно поголем број на деца од основните училишта од Битола и да ги запознаеме со начинот на работа на некои институции во градот. Нашиот план е да ги посетиме Центарот за култура во Битола, Народниот театар, библиотеката „Св. Климент Охридски“ Битола, Завод и Музеј - Битола и Зоолошката градина во Битола. Целта на овие посети не е само поминување на одредено време во истите, туку сакаме децата од блиску да се запознаат со начинот на работа .а овие институции и како изгледа еден работен ден на вработените во овие институции. Сметаме дека е добро децата од најмала возраст да стекнуваат навика да ги посетуваат овие институции и се надеваме дека нашата акција ќе придонесе до тоа.

Акцијата започна со посета на Зоолошката градина во Битола, а потоа следеше и Центарот за култура. Учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ беа на посета во Народниот театар. Им беа покажани сите простории и соби а децата имаа многу прашања на кои им беше одговорено. При посетата децата имаа можност да се сретнат и фотографираат со некои од нивните омилени актери.