Хуманитарна забава

Хуманитарна забава

Во сабота на 1 март, на иницијатива на претседателот Давор Каракашев како роденденска желба одлучи Лајонс клубот Феникс да одржи добротворна забава за да и помогне на младата Симона Пеовска. Симона е девојче на кое и е дијагностициран рак. По хемотерапијата, радио-терапијата и операцијата на Симона и беа потребни финансиски средства за да го направи последниот пет-скен за да се осигура дека лекувањето е целосно. Вкупната сума пари кои беа собрани на забавата изнесуваше 7,000 денари. Се надеваме дека ќе и помогнат за конечно да ги чуе добрите вести. Членовите на клубот кои присуствуваа на настанот беа : претседателот на клубот Давор Каракашев, вториот потпретседател Ирена Бачановиќ Каракашев, секретарот Божидар Богоевски, Ефрем Трпков, виткачот на опашки и кротител на лавови Александар Велков, Љубица Ефтимовска и Христијан Пејовски. Членовите на другите Лајонс и Лео клубови исто така го поддржаа настанот.