Присуство на делегација на нашиот клуб на формирање на ЛК ТИРАНА 2014

Присуство на делегација на нашиот клуб на формирање на ЛК ТИРАНА 2014

На 09.12.2014. година делегација на нашиот клуб присуствуваше во својство на кум на свеченоста по повод формирањето на новиот ЛК ТИРАНА       2014. По тој повод беше организиран и Charter night во прекрасниот амбиент на хотел „Дипломат„ во Тирана.

На вечерта покрај  присутните  бројни гости од деловниот и општествено политичкиот живот на Р. Албанија , присуствуваше и Претседателот на LCI господин Џо Престон кој одржа пригоден говор.

Во рамките на овој настан, Лајон Мелита Стамaтовска, Претседател на нашиот клуб,  покрај знамето му ја предаде донацијата која се состоеше од бели стапови и леќи за слепите лица во Албанија на Претседателот на  новоформираниот клуб ТИРАНА 2014 , г-дин Арјан Продани кој изрази голема благодарност.