Хуманитарна изложба и аукција

Хуманитарна изложба и аукција

На 13 март, Лајонск клуб Феникс одржа изложба и аукција на слики со цел да се соберат пари за младиот Димитар Несторовски на кој му беше дијагностицирана прогресивна мускулна дистрофија- Дисен. Познатиот сликар Живко Поповски- Цветин наслика повеќе од 90 слики и ги донираше за аукцијата. Благодарение на многумина кои дојдоа на изложбата успеавме да продадеме 80 отсто од сликите и собравме 29,440 денари. Заедно со многу гости, членовите кои присуствуваа на изложбата беа: претседателот на клубот Давор Каракашев, првиот потпретсдател Ратко Трајковски, вториот потпретседател Ирена Бачановиќ Каракашев, секретарот Божидар Боговски, благајникот Христијан Пејовски, витакачот на опашки и кротител на лавови Александар Велков, проект менаџерот Стојне Данилова, Борис Васовски, Ефрем Трпков, Ивана Неделкова, Мартин Јосифовски, Марија Јосифовска, Орце Ивановски, Стефан Чичевалиев, потенијалните членови Катерина Шекеринска и Ангела Николова. Гувернеката на Дистрикт 132, Јелица Кртолица исто така присуствуваше на настанот заедно со поранешниот гувернер Андреја Стојковски. Присуствуваа и повеќе од 10 Лео членови. Претседателот на Лео Дистриктот Теодор Јосфов исто така бше присутен на настанот. Тв Сител присуствуваше на настанот од кој направи прилог кој се емитуваше во утринската емисија наредниот ден.

Преку социјалните мрежи со помош на нашите пријатели и сите добронамерни луѓе успеавме да ја пренесеме веста и апелот за донација на броевите од сите мобилни оператори.