Одбележување на денот на белиот стап

Одбележување на денот на белиот стап

Лајонс клубовите од Битола во заедничка организација го одбележаа 15.10 - денот на белиот стап. Одржан беше традиционален марш кој започна пред просториите на Здружението на слепи лица од Битола а траеше се до Хотел Премиер Центар каде беше организиран и мал коктел за присутните. На здружението им беше дониран еден мултифункционален принтер по повод овој ден.