Завршување на активноста „Купи производ плус“- предавање на школскот прибор

Завршување на активноста „Купи производ плус“- предавање на школскот прибор

На 18 октомври клубот ја заврши активноста „Купи производ плус“. На состанокот присуствуваа Давор Каракашев (претседател на клубот), Ирена Бачановиќ Кракашев (втор потпретседател на клубот), Божидар Богоевски (секретар на клубот), Ивана Неделкова и Мартин Јосифовски. За време на актвноста успеавме да собереме повеќе од 500 тетратки, моливи, боички итн. Кога пристигнавме во Асоцијацијата за развој на ромската заедница во Македонија, бевме вчудоневидени од успехот на акцијата. Исто така имавме можност да ги носиме елеците на клубот за прв пат. По краткиот разговор одлучивме и понатаму да и помагаме на асоцијацијата.