Садење бели ружи

Садење бели ружи

На 24 ноември, гувернерката на Дистриктот, Јелица Кртолица го организираше настанот „Садење бели ружи“. Нашата зона Б2, составена од клубовите Пајко Маало, Феникс, Скопје и Македонија направија тим со по 6 члена од секој Лајонс клуб во зоната и засадија бели ружи во основното училиште Владо Тасевски. Членовите на Феникс кои присуствуваа на активноста беа: претседателот на клубот Давор Каракашев, вториот потпретседател Ирена Бачановиќ, секретарот Божидар Богоевски, менаџерот на членство Драгана Џикова, виткачот на опашки и кротител на лавови Александар Велков, Стефан Чичевалиев и потенцијалнот член Тамара Титиева. Нашиот клуб засади 20 бели ружи додека во рамките на целата зона беа засадени 80 бели ружи.