Промоција на книгата „Дете од лоша фамилија“ од Дарко Лешоски

Промоција на книгата „Дете од лоша фамилија“ од Дарко Лешоски

На 28.12.2013 година нашиот клуб ја организираше промоцијата на книгата „Дете од лоша фамилија“ од Дарко Лешоски во кафе барот Порта Џез во Битола. На промоцијата присуствуваа голем број гости. Истата беше замислена како интерактивна и модератор на настанот беше Ана Јовковска. Дарко читаше делови од својата книга, потпишуваше примероци и разговараше со присутните, одговарајќи на многу прашања кои беа поставени од гостите.