Редовен состанок на клубот

Редовен состанок на клубот

На 27 август во „Ап кафе“, Лајонс клуб Феникс одржа состанок. На состанкот присуствуваа следнте членви: Давор Каракашев (претсдател на клубот), Ирена Бачановиќ Каракашев (втор потпретседател), Божидар Богоевски (секретар на клубот), Љубица Евтимовска (благајник на клубот), Ратко Трајковски (прв потпретседатл), Ивана Неделкова, Александар Велков (виткач на опаши и кротител на лавови), Александар Џиков, Драгана Џикова (менаџер на членство), Војдан Јорданов, Ефрем Трпков и потенцијалниот нов член Борис Васовски.

Како продожение на претходниот состанок се дискутраше за прославата по повод годишнината на клубот и „Ап кафе“ беше предложено како место каде би можеле да ја организираме забавата (со оглед на добрата соработка со кафе барот), додека еден од членовте додаде дека може да стапи во контакт со невладина асоцијација која е отворена за соработка за донацијата „Купи производ плус“ чии средства ќе бидат донирани на Асоцијацијата за развој на ромската заедница во Македонија - Сумнал.