Божикни подароци

Божикни подароци

На 10 јануари, Лајонс клуб Феникс организираше добротворен настан и донираше божиќни подароци на децата од Асоцијацијата „Сумнал“. Ова е втората донација на децата од Асоцијацијата. Претседателот на клубот Давор Каракашев, секретарот на клбот Божидар Богоевски и Христијан Пејовски присуствуваа на настанот. Заедно со нас беше и претседателот на Лео Дисктрикт Теодор Јосифовски и Александра Лекова од „Go Click “. Успеавме да собереме повеќе од 100 божикни подароци благодарение на „Go Click“. Покрај боќикните подароци им донесовме уште 3 цели кеси полни со тетратки, пенкала и маркери.