Поддршка на Лео клуб Омниа

Поддршка на Лео клуб Омниа

На 26 октомври Лео клубот Омниа организираше тематски добротворен настан (во стилот на 20-тите). Клубот го поддржа настанот со 5 членови. Давор Каракашев (претседател на клубот), Ирена Бачановиќ Каракашев (втор потпретседател), Ефрем Трпков, Александар Велков (виткач на опашки и кротител на лавови) и Божидар Богоевски (секретар на клубот). Кон крајот на забавата претседатеот на клубот Давор Каракашев беше прогласен за господин Ретро.