Исполнуваме желби (2014-та)

Исполнуваме желби (2014-та)

Втора година по ред Лајонс клубот „Кабадаја“ ја организира акцијата „Исполнуваме желби“.

Минатата година го имавме Николче кој сака да биде полицаец.

Оваа година беше исполнета желбата на малиот Стефан, кој сакаше да види како изгледа припремата за една театарска претстава. Стефан со членовите на нашиот клуб се дружеше со актерите и останатиот дел од екипата на претставата „Стјуардеси“, која се одигра на затворањето на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола.