Хуманитарна забава - Од срце за Андреј

Хуманитарна забава - Од срце за Андреј

На 14.06.2013 година се одржа хуманитарна забава насловена Од срце за Андреј во битолскиот бар Порта Џез. Лајонс Клуб Кабадаја беше еден од организаторите, заедно со Центарот за Европски Развој и Интеграција

Забавата беше со цел да се соберат средства за нашиот сограѓанин, колега и пријател Андреј Коруновски кому итно му беше потреба операција за трансплантација на црниот дроб во Турција. Операцијата за Андреј беше од животно значење а средствата беа потребни за покривање на личниот трошок на семејството.

Одзивот на забавата беше одличен, а подоцна операцијата на Андреј помина во најдобар ред.