Bon Vivant 2014

Bon Vivant 2014

На 21.02.2014 Лајонс Клуб Кабадаја ја организираше својата традиционална хуманитарна забава наречена Бон Виван. Четвртото издание на забавата чие име означува добро живеење или личност која знае добро да живее и да ужива во добра храна и добро вино беше токму тоа - уживање со добра храна, добро вино и добри пријатели.

Овој пат забавата, помогната од ДООЕЛ Бадо, се одржа во ресторан Белведере во Битола а присутните гости имаа можност да дегустираат неколку различни вина на винаријата Стоби. Групата Калабалак заедно со Ламбе Алабаковски направија одлична атмосфера во која уживаа сите присутни. Бон Виван е една од најважните активности на нашиот клуб и собраните средства од оваа година ќе имаат двојна намена. Имено, дел од средствата е наменет за поддршка на уметничката дејност на Розе Мојсовска, личност која бескрајно не инспирира, а останатиот дел ќе биде наменет за изведба и поставување на паркинзи за велосипеди кои ќе бидат поклонети на градот Битола.

Меѓу присутните на оваа прекрасна вечер беа и гувернерката на нашиот дистрикт Јелица Кртолица, шефот на кабинетот Гоце Бурзевски, вице-гувернерот Драги Филевски, претседавачот на регија Марјан Талев, претставници на Лајонс клубовите Битола и Хераклеја, претставници на Ротари клубот Широк Сокак, како и почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Македонија, Билјана Дамјановска-Јанчевска, почесниот конзул на Црна Гора во Македонија, Милорад Андријашевиќ и почесниот конзул на Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски.

Погледнете повеќе фотографии од овој настан на нашата фејсбук страница.