Bon Vivant 2013

Bon Vivant 2013

На 15.02.2013 година се одржа традиционалната хуманитарна забава „Bon Vivant“ во ресторан „Шумски Фенери“. Присутните гости можеа да уживаат во дегустација на вината од винаријата „Попова Кула“ и богатите вкусови на менито приготвено од ресторанот домаќин пропратено со традиционалните производи на „Идеал Шипка“. За атмосферата да биде совршена се погрижија групата „Боеми“ заедно со актерот Петар Горко. Приходите собрани од продадените влезници беа наменети за Дневниот Центар за лица со ментална и телесна попреченост при Центарот за социјални работи во Битола.