Запознавање на децата со институциите во Битола

Запознавање на децата со институциите во Битола

Лајонс Клуб Кабадаја како организација која се грижи за децата, одлучи да започне една акција во која ќе се трудиме да опфатиме што е можно поголем број на деца од основните училишта од Битола и да ги запознаеме со начинот на работа на некои институции во градот. Нашиот план е да ги посетиме Центарот за култура во Битола, Народниот театар, библиотеката „Св. Климент Охридски“ Битола, Завод и Музеј - Битола и Зоолошката градина во Битола. Целта на овие посети не е само поминување на одредено време во истите, туку сакаме децата од блиску да се запознаат со начинот на работа на овие институции и како изгледа еден работен ден на вработените во овие институции. Сметаме дека е добро децата од најмала возраст да стекнуваат навика да ги посетуваат овие институции и се надеваме дека нашата акција ќе придонесе до тоа.

Првиот дел од акцијата се случи на 15.04.2014 година, кога ученици од трето одделение од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ беа на посета во Зоолошката градина во Битола. Околу 100 деца се дружеа и научија многу работи за животните и за тоа како функционира Зоолошката градина во Битола. Идната недела планираме да ја продолжиме оваа акција со посета на Центарот за култура во Битола.

Повеќе фотографии од оваа акција и насмеаните деца на фејсбук страната на нашиот клуб.