Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

На 03.12.2013 година го одбележавме трети декември - денот посветен на лицата со посебни потреби со марш низ Широк Сокак и работилница во Центар за култура. Овој настан беше одржан петта година по ред а годинава поддршка имавме и од Општина Битола. 

Настанот беше поделен во два дела. Најпрво започна маршот низ Широк Сокак во кој учествуваа ученици од неколку основни училишта и штитениците од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и глас „Кочо Рацин“. Како симболичен потег на еднаквост и пријателство, во ист момент, беа пуштени стотици балони во различни бои. 

Вториот дел се состоеше од интерактивна работилница во Центарот за култура Битола под мотото „Обои ме во пријател“. Преку стотина деца од неколку основни училишта заедно со другарчињата од Заводот „Кочо Рацин“ поминаа одлично време заедно, цртајќи, играјќи и славејќи ја еднаквоста.