Дајте им боја на спомените

Дајте им боја на спомените

LEO Skopje OMNIA, заедно со LEO Skopje, организираше забава со цел да се соберат средства за реализација на проектот ,,Дајте им боја на спомените", во организација на Summer Work & Travel Alumni Macedonia и Youth Council of the US Embassy in Republic of Macedonia

Собраните средства беа искористени за купување на бои и останата опрема, со цел да се пребојат дел од ѕидовите на детската градинка Буба Мара, во Ново Лисиче, Скопје. 

20 волонтери од овие организации, ги обоија ѕидовите на детската градинка. Откако ѕидовите беа бели и чисти, волонтерите, заедно со децата од градинката, нацртаа цвеќиња, пеперутки и други форми на ѕидовите. Децата се забавуваа и дадоа свој придонес за таа да е убаво место за учење и поминување на нивното време.