Трета Роденденска прослава на LC Phoenix

Трета Роденденска прослава на LC Phoenix

На 30-ти септември во Up Café, Lions Club-от Phoenix го прослави својот 3-ти роденден. Присутни членови на оваa прослава беа Давор Каракашев (Клуб претседател), Ирена Бачановиќ Каракашев (Втор потпретседател), Божидар Богоевски (Клуб секретар), Љубица Ефтимовска (Благајник), Ратко Трајковски (Прв заменик претседател), Ивана Неделкова, Александар Велков (Кротител на лавови/виткач на опашки), Стојне Данилова (Проект менаџер), Орце Ивановски, Борис Васовски, Александар Џиков, Драгана Џикова (Менаџер за членство), Христијан Пејковски, Стефан Чичевалиев, Мартин Јосифовски, Марија Јосифовска, Војдан Јорданов, Ивана Колева и Ефрем Трпков. Гости на нашата прослава беа гувернерот на Д132 Јелица Кртолица, Вториот заменик гувернер на Д132 Звонимир Цветановски, Поранешниот гувернер на Д132 Андреа Стојковски (за фискалната 2012-2013 година) и членови на Лео клуб Омниа и Аксиос.

Целта на оваа роденденска прослава беше да се помогне на младата Даниела Бошковиќ (која страда од анорексија и рак) така што средствата собрани од прославата беа наменети за неа.

Оваа роденденската прослава беше совршена можност да ги прогласиме новите потенцијални членови Борис Васовски, Стефан Чичевалиев, Христијан Пејовски и Ивана Колева официјално како нови членови на нашиот клуб.

Посебни благодарници беа предадени на Лео Омниа, Лео Лумос и Лео Аксиос за нивниот придонес за нашата клубска активност ``Купи производ плус - школска едиција``. Благодареница беше предадена и на сопственикот на кафулето за досегашната успешна соработка.

Сликата беше ставена на аукција и беше купена за 3000 денари од страна на двајца од нашите членови Александар Џиков и Драгана Џикова. Средствата од аукцијата исто така беа донирани да и се помогне на Даниела.

Роденденската прослава беше емитувана на телевизија 24 Вести, а ова емитување беше одлична можност за презентирање на Lions движењето до пошироката публика во Македонија, надевајќи се дека она што го работиме ќе допре до нив и ќе ги мотивираме да ни се приклучат во една од нашите клубови како би го прошириле нашето хумано движење.

Вкупно беа собрани 17.000 денари.