Редовен состанок на клубот

Редовен состанок на клубот

На 22 август, клубот Лајонс Феникс одржа состанок на кој учествуваше Давор Каракашев (претседател на клубот), Ирена Бачановиќ (втор потпретседател), Божидар Богоевски (секреетар на клубот), Љубица Евтимовска (благајник на клубот), Ратко Трајковски (прв потпретседател), Ивана Неделкова, Александар Велков, Александар (кротител на лавови и виткач на опашки), Александар Џиков, Драгана Џикова (менаџер за членство), Мартин Јосифовски, Марија Јосифовска, Војдан Јорданов и Ивана Јанева. На состанокот беше претставен новиот потенцијален член Борис Васовски. Беше предложена активност на клубот наречена „Купи производ плус“ односно донирање на школски прибор за младте Роми кои се дел од Асоцијацијата за развој на ромската заеднца во Македонија - Сумнал. Како втора точка дискутиравме за забавата по повод годишнината на клубот, подготовка за организација на настанот, потенцијални места (ресторан, кафулиња итн.), листа на гости.