Запознавање на децата со институциите во Битола /2

Запознавање на децата со институциите во Битола /2

Лајонс Клуб Кабадаја како организација која се грижи за децата, одлучи да започне една акција во која ќе се трудиме да опфатиме што е можно поголем број на деца од основните училишта од Битола и да ги запознаеме со начинот на работа на некои институции во градот. Нашиот план е да ги посетиме Центарот за култура во Битола, Народниот театар, библиотеката „Св. Климент Охридски“ Битола, Завод и Музеј - Битола и Зоолошката градина во Битола. Целта на овие посети не е само поминување на одредено време во истите, туку сакаме децата од блиску да се запознаат со начинот на работа на овие институции и како изгледа еден работен ден на вработените во овие институции. Сметаме дека е добро децата од најмала возраст да стекнуваат навика да ги посетуваат овие институции и се надеваме дека нашата акција ќе придонесе до тоа.

По првиот дел од акцијата, кој опфати ученици од ОУ „Климент Охридски“ и посета на Зоолошката градина во Битола, изминатата недела продолживме со оваа акција. Деца од ОУ „Гоце Делчев“ го посетија Центарот за култура каде им беа прикажани сите простории и сали, начинот на работа и организацијата во самата установа и им одговорени беа многу прашања кои ги интересираа. Во посетата освен членови од нашиот клуб, децата беа придружувани од дел од вработените во установата, како и директорот.