Турнир во пикадо

Турнир во пикадо

На 22 ноември ЛК Феникс беше дел од пикадо турнирот организиран од Лајонс клубот Пајко Маало. Претседателот на клубот Давор Каракашев, секретарот Божидар Богевски, Борис Васовски, Ефрем Трпков и Христијан Пејовски учествуваа на турнирот заедно со нивните пријатели. Парите кои беа собрани од турнирот беа донирани за да се купи храна за сиромашните.