ЛК Скопје ја реализираше акцијата Донација на детски столчиња во игротеката на Детска клиника

ЛК Скопје ја реализираше акцијата Донација на детски столчиња во игротеката на Детска клиника

На 06.11.2014. година нашиот клуб ја реализираше акцијата Донација на детски столчиња за доопремување на игротеката во Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје.

Дел од средствата беа прибрани од донаторската вечер организирана од ЛК Скопје во соработка со Француската Амбасада во РМ, која се одржа во ресторанот Ореов лад на 10.10.2014 под наслов Француска вечер а дел од сретствата претставуваат лична донација на членови на нашиот клуб.

 

Делегацијата која ја сочинуваа членови на ЛК Скопје, ја предадоа донацијата на Директоракта на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова која се заблагодари на нашата подршка за оние на кои им е најпотребна.