Ден на Белиот стап

Ден на Белиот стап

На 15.10.2013 година во соработка со Лајонс клубовите Битола, Хераклеја и БАС одбележан беше меѓународниот ден на белиот стап. Настанот започна со марш низ улиците на Битола а имаше за цел да се слушнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат овие лица. Покрај формалниот дел, имаше и неформално дружење во Хотел Ресторан Премиер Центар каде слушнавме за секојдневните предизвици со кои се соочуваат слепите лица.