Работилница за детски права во Советодавен центар при СОС детско село

Работилница за детски права во Советодавен центар при СОС детско село

Со цел децата од Советодавниот центар при СОС детското село повеќе да се запознаат со своите права, нашите волонтери одржаа работилница на тема Детски права.

Децата имаа за задача да ги отсликаат своите детски права со помош на нашите волонтери, а потоа да одржат кратка презентација на истите.
На крајот на посетата, децата истакнаа дека нивните права се: право на збор, право на здравствена заштита, право на образование, право на игра, право на другарство, право на среќа, право на љубов и сл.