Одржан последниот состанок на ЛК Скопје во фискална 2014/2015 година

Одржан последниот состанок на ЛК Скопје во фискална 2014/2015 година

На 01.07.2015. година се одржа последниот состанок на ЛК Скопје во фискалната 2014/2015 година во прекрасниот амбиент на хотел „Канет„ во Градскиот парк на Скопје, за што сите присутни  му изразија посебна благодарност на сопственикот на хотелот,  Лајон Адем Кочан.

На овој состанок на кој се изврши и примопредавање на функциите, сите членови на нашиот клуб упатија честитки за извонредно успешната досегашна работа на неуморните Лајон Мелита Семенакова која ја извршуваше функцијата на Претседател и Лајон Дори Кимова Секретар.

Функцијата Преседател на Лајонс клуб Скопје во фискалната 2015/2016 година ќе ја обавува Лајон Зорана Костовска на која ќе и помога новоизбраниот Секретар Лајон Марија Насковска.