Посета на Средното училиште за ученици со посебни општо-образовни потреби „Св. Наум Охридски„

Посета на Средното училиште за ученици со посебни општо-образовни потреби „Св. Наум Охридски„

На 14.11.2014. година делегација на нашиот клуб предводена од Лајон Евица Зафировска го посети Средното училиште за рехабилитација и образование на ученици со посебни општо-образовни потреби „Св. Наум Охридски„ од Скопје.
При тоа остварија средба со персоналот и учениците од ова училиште со што поблиску беа запознаени со нивната работа и потребите кои ги имаат за остварување на планираните активности.