Хуманитарна забава под маски

Хуманитарна забава под маски

LC Phoenix и Leo Omnia организираа хуманитарна 1 Априлска забава под наслов “кад је бал, нек је маскембал“ во Everyday, за малиот Димитар Несторовски.

Од членовите LC Phoenix присуствуваа Катерина Шекеринска, Тамара Титиева, Ивана Неделкова, Ирена Бачановиќ Каракашев, Ивана Колева, Ратко Трајковски, Александар Велков, Стефан Чичевалиев, Божидар Богоевски, Давор Каракашев како и претставници од сите Лео клубови, и од неколку Лајонс Клубови.

Ивана Колева, наша членка и сопственик на брендот Се за роденден, додели 3 награди за најуспешните маски, односно ваучери со попусти за организирање на нивните роденденски прослави (1 место – 3о% попуст, 2 место- 20% и 3 место- 10 % попуст)