Лајонс Клуб Скопје со роденденска забава одбележа 18 години од формирањето

Лајонс Клуб Скопје со роденденска забава одбележа 18 години од формирањето

Во прекрасниот амбиент на Гарден Центар во Градскиот парк во Скопје се одржа роденденска забава по повод 18 години од постоење на Лајонс Клуб СКОПЈЕ и 15 години на Лео Клуб СКОПЈЕ. На  прославата на најстариот Лајонс Клуб во Македонија , покрај многубројните гости од Лајонс и Лео Клубовите ширум Македонија присуствуваше и француската амбасадорка г-ѓа Лоренс Оер  почесен член на нашиот клуб, како и гостите од новоформираниот Лајонс Клуба ТИРАНА.

На присутните со пригоден говор име се обрати  Претседателот на нашиот клуб, Лајон Мелита Стаматовска,  а свои обраќања имаа и основоположникот на лајонизмот во Македонија Лајон Небојша Давидовски, Претседателот на Дисктрикт 132 Лајон Драги Филевски и други.

Организаторите се погрижија роденденската забава да помине во убава атмосфера на дружење пропратена со звуци на пријатна музика.