Садиме бели рози

Садиме бели рози

Оваа фискална година Лајонс дистрикт 132 и гувернерот Јелица Кртолица ја започнаа иницијативата работиме за чистотата на својата околина - „Садиме бели рози“.

Белите рози имаат најголема моќ за апсорбирање на тешките метали од животната средина. Докажано е дека тие најмногу апсорбираат олово и кадмиум од воздухот и од почвата апсорбирајќи ги честичките што загадуваат во цветовите и листовите. Токму белата роза има најмногу цветови и активно цути 200 дена во годината, а се сади во периодот од Мај до крајот на Ноември. Климата во Македонија и посебно во битолскиот регион е погодна за нејзино одгледување и со правилно одржување розите траат и до 30 години. 

Иако садењето на овој симболичен број на бели рози е само мал чекор и можеби не променува многу во загадениот воздух во Битола, ние се надеваме дека самото цвеќе ќе донесе нова енергија и нови навики кај граѓаните. Тоа претставува современ пристап кон екологијата и чест ни е што ние како Лајонс клуб Кабадаја за започнуваме оваа акција на зона 7 со засадување на корени на бели рози во кругот на Клиничката болница - Битола пред споменикот на Д-рТрифун Пановски и во ОУ Климент Охридски. Оваа акција ќе ја продолжат и другите лајонс клубови од Битола - Лајонс клуб Битола и Лајонс клуб Хераклеја со засадување на бели рози на други локации низ Битола.

Белата роза е симбол на пријателство, соживот и толеранција. Симбол на нешто убаво, а нашата Битола заслужува убави работи и чист воздух.