Акција

Акција "Kупи прозвод плус - едиција школски прибор"

Во саботата 14-ти септември во трговскиот центар Веро - Центар во 10 наутро започна активноста ``Купи производ плус - школски прибор едиција`` за собирање на училишен прибор за малите ромчиња од Асоцијацијата СУМНАЛ, на која учествуваа Божидар Богоевски (Клуб секретар), Борис Васовски, Давор Каракашев (Клуб претседател), Ирена Бачановиќ Каракашев (Втор потпретседател), Стојне Данилова (Проект менаџер) и Орце Ивановски. 8 членови Лео исто така ја поддржаа активноста. Активноста заврши во 18 часот. Во текот на овој првиот ден успеавме да собереме повеќе од 250 тетратки, моливи и други училишни материјали.

Во неделата 15-ти септември во Веро Центар продолжи активност ``Купи производ плус - школски прибор едиција``  на која учествуваа Божидар Богоевски (Секретар), Борис Васовски, Давор Каракашев (Клуб претседател), Ирена Бачановиќ Каракашев (Втор потпретседател). 7 членови од Лео клубовите исто така ја поддржаа активноста. Среќни сме што нашата Гувернерка, Јелица Кртолица, дојде да ја поддржи нашата клубска активност. На вториот ден собравме помалку училишен прибор во споредба со првиот ден, но на крајот од викендот успееме да собереме повеќе од 350 тетратки и други резерви.

На 21-ви септември ја продолживме нашата активност ``Купи производ плус - школски прибор едниција``. Започнавме во 10 часот во два супермаркети Веро и Карфур (City Mall). Божидар Богоевски (Клуб секретар) ја отвори активноста во супермаркетот Carrefour заедно со Борис Васовски, Христијан Пејовски и Стефан Чичевалиев. Александар Велков (Кротител на лавови /виткач на опашки) ја отвори активноста во супермаркет Веро. На оваа активност присуствуваа другите членови на нашиот клуб: Ратко Трајковски (Прв заменик претседател), Ивана Неделкова, Војдан Јорданов, Мартин Јосифовски, Марија Јосифовска. 18 членови од Лео клубовите ја поддржаа оваа активност.

Успеавме да собереме повеќе од 500 тетратки, 50 моливи и други училишни материјали.

На 22-ри септември активноста ``Купи производ плус- школски прибор едиција`` продолжи во супермаркет Веро и Карфур (City Mall) со почеток во 10:00. Во Карфур активноста беше отворена од страна на Христијан Пејовски, Стефан Чичевалиев и Ивана Јанева. Во супермаркет Веро активноста ја отвори Војдан Јорданов. Други членови кои присуствуваа на активноста беа: Давор Каракашев (Клуб претседател), Ратко Трајковски (Прв заменик претседател), Ирена Бачановиќ Каракашев (Втор заменик претседател), Ивана Неделкова, Александар Велков (Кротител на лавови /виткач на опашки), Божидар Богoевски (Секретар), Мартин Јосифовски и Марија Јосифовска заедно со 6 члена од Лео клубовите.

Во текот на овие два викенди успеавме да собереме повеќе од 900 тетратки и други училишни материјали.

Среќни сме што успеавме да им помогнеме на младите Роми од Здружението за развој на ромската заедница во Република Македонија-СУМНАЛ да го продолжат својот едукативен развој.