Купете производ плус

Купете производ плус

Оваа година, целиот LEO Дистрикт се вклучи во спроведување на традиционалната акција Купете производ плус. Акцијата траеше два викенда по ред, се одржа во Веро маркетите во Скопје, каде што нашите волонтери собираа производи за новогодишни пакетчиња. 

Во Скопје беа собрани преку 360 пакетчиња, кои подоцна беа донирани во повеќе институции, меѓу кои и Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Заводот за лица со оштетен вид ,,Димитар Влахов", Здружението за деца со даунов синдром ,,Трисомниa" и ДСУ за рехабилитација и образование ,,Наум Охридски".