Членови на нашиот клуб го посетија домот за стари лица „Мајка Тереза“

Членови на нашиот клуб го посетија домот за стари лица „Мајка Тереза“

На 08.03.2015. година, меѓународниот ден на жената ,  членови на нашиот клуб го посетија домот за стари лица „Мајка Тереза“, во населба Злокуќани.

Делегацијата која ја сочинуваа членки на ЛК Скопје, подарија скромни подароци со што во голема мера успеаја да им го развесели секојдневието на оваа категорија на наши граѓани кои срдечно се заблагодарија на нашата подршка .

Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, е единствената социјална установа од ваков вид во Скопје. Домот има околу сто станари, од кои голем дел се социјални случаи. На дел од жителите "Мајка Тереза" им е единствениот дом што го имаат. Објектот е од привремен карактер и е донација од шведската влада и од неколку невладини организации, како помош за граѓаните на Скопје по катастрофалниот земјотрес.