Членови на ЛК Скопје присуствуваа на настанот “Чваркијада 2015„ во Куманово

Членови на ЛК Скопје присуствуваа на настанот “Чваркијада 2015„ во Куманово

На 21.02.2015. година во организација на ЛК Куманово се реализираше хуманитарното дружење “Чваркијада 2015„ во убавиот амбиент на ресторан „Грација„ во Куманово.

На овој традиционален настан присутните  членови од повеќето клубови во Македонија имаа можност да го видат начинот на приготвување на чварките како и да дегустираат специјалитети од македонската традиционална кујна.

На оваа манифестација која имаше и хуманитарен карактер беа донирани сретства наменети за граѓаните од поплавените подрачја во Македонија.