Концерт на Ицо Панов

Концерт на Ицо Панов

Ицо Панов е роден во Струмица. Повеќе од 15 години свири на улиците низ Македонија. Секогаш ведар и расположен вели дека не свири за пари, туку од љубов кон музиката. Има компонирано десетина песни. Како и секој музичар, сметавме дека заслужува концерт во сала, со публика која ќе ги слуша неговите песни повеќе од 2 -3 минути како досега при случајно минување покрај него на улица. Затоа, на 26-ти април, 2013-та година во малата сала во Центарот на култура Битола се одржа првиот официјален концерт на уличниот музичар Ицо Панов во организација на нашиот клуб. Средствата собрани од настанот беа наменети за поддршка на уличните музичари.