И почетоците ветуваа...

Развојот на Lions Clubs International започна како едноставна но далекусежна визија во главата на младиот осигурителен агент од Чикаго, Мелвин Џонс, кој дотогаш со ништо особено не се истакнувал. Основачот на нашата организација, Мелвин Џонс е роден на 13 јануари 1897 во Форт Томас, во Аризона. Починал 1961 година - на 82 години. Бил мирен и скромен човек и луѓето што ја имале можноста да го сретнат и да се запознаат со неговата филозофија велат дека негов сон бил да ги поврзе тогашните независни стручни и деловни клубови во влијателно и моќно здружение, кое би било во можност да им помогне на луѓето на кои им е потребна помош – на локално, национално и меѓународно ниво.

Сето ова се случувало во далечната 1917 година, под впечатокот на последната година од Првата светска воја и продолжувањето на индустриската револуција. Луѓето во тоа време многу страдаа: раните од војната го оставија својот белег, а мораа и да се приспособуваат кон машините, што од друга страна предизвика затворање на илјадници работни места и огромна невработеност. Простор за остварување на идејата за несебичното нудење помош на луѓето на кои им се случија војна, болести и невработеност - имаше повеќе од доволно.

Мелвин Џонс, кој во тоа време бил веќе четири години член на бизнис клубот Circle of Chicago, се поврзал со сродни клубови и здруженија во земјата, а на 7 јуни 1917 ги поканил на состанок во хотелот La Salle во Чикаго каде што е договорено да се дефинираат условите на поврзувањето. Меѓу основачите е и др. Вилјам Вудс, физичар од Индиана, подоцна претседател на Меѓународната асоцијација на Lionѕ клубовите. На тој состанок е одлучено да се основа Меѓународната Асоцијацијата на Lions клубовите.

Првата конвенција на асоцијацијата е одржана во Далас, од 8 до 10 октомври 1918 година, на која присуствувале 36 делегати од 23 клуба. Тоа беше јадрото на денешната асоцијација. За претседател е избран Вилјам Вудс, додека Мелвин Џонс стана генерален секретар, за што е именуван уште претходната година во Чикаго.

Името што основачите го одбраа за новата организација беше LIONЅ: Liberty, Intelligence, Our, Nation’s, Safety. Логото какво што денес го знаеме е усогласувано од 1919 за конечно да се прифати на 31 декември 1921 година. Двојна лавовска глава со буквата Л во средината. Буквата Л беше поставена во средиштето на логото како иницијал за Liberty, но означува и LАW (анг. - закон, право), LABOUR (анг. труд, работа), LOVE (анг. љубов), LIFE (анг. живот).


Од денешна перспектива гледано, тешко е да се претстават првите активности на Lionѕ-ите во далечната 1917 година, во времето на нејзиното создавање. САД стапија во војна на 1 април 1917 година и многу од клубовите своите активности ги насочија за да им помагаат на војниците.

Продаваа воени обврзници и собираа литература за војниците. Во тоа време била чест да се работи волонтерски за поддршка на американската војска.

Во 1919 година се случи епидемијата на грип, а огромен број луѓе ги загубија животите, Lionѕ- ите го ризикуваа своето здравје и животите помагајќи во болниците и на лекарите на терен.

Плодните триесетти на дваесеттиот век

Во 1920 година е востановен првиот Lionѕ клуб надвор од САД, во Канада, така движењето го доби своето вистинско – меѓународно значење. Дваесетите години беа доста плодни за развој на Lions Clubs International. Војната помина, дваесеттите беа време на благосостојба, мир и доверба. По секоја војна колективниот дух кај луѓето е многу силен.

Бројни клубови се создавани како низ Америка, така и во Канада,подоцна и во Мексико и на Куба. Во триесеттите се јавија Lionѕ клубови во Колумбија, потоа во Панама, за во 1948 година, во Стохолм, да биде создаден првиот Lionѕ клуб во Европа, а по него да следат клубовите во Швајцарија, Франција, Норвешка, Англија, Данска, Финска, Италија, на Исланд, во Холандија, Германија, Белгија, Луксембург, Австија, Португалија, Шпанија, Грција, на Кипар, во Турција...

Во време кога движењето незапирливо се ширело по светот, се случувале и настани што му даваат тон на целото движење. Така се случило адмиралот Ричард Брд, славен член на Lionѕ клубот ВАШИНГТОН ДИСТРИКТ КОЛУМБИЈА кога пловел низ северниот пол во 1926 година, да го носи со себе и знамето на Lions Clubs International. Со истото знаме три години подоцна пловел и на јужниот пол. Се чинело дека за Lionѕ-ите нема повеќе граници. Во 1926 година веќе биле основани 1000 клубови.


Со работа придобиениот углед помага при растот

Со своите добри дела Lionѕ-ите станаа познати и почитувани низ целата земја. Значително поголем број луѓе беа решени да и пристапат на организацијата, што ја услови потребата од подобра комуникација меѓу нив. Оттаму, во ноември 1918 година е печатен првиот број на ревијата THE LIONS CLUB MAGAZIN. Издавач и главен уредник беше кој друг ако не Мелвин Џонс. Денес ревијата LION се објавува како 30 различни изданија на повеќе од дваесетина јазици. Во Македонија LION е месечник на македонски јазик, што како електронско иѕдание повремено е објавувана од 2008 година, а редовно започна да излегува од 25 јули 2012 година.

Колку е силно влијанието на поединецот врз организацијата

Додека светот професионално напредувал, општеството се раслојувало. Луѓето со посебни потреби ја немале независноста и не биле јавно прифатени. Тогаш, на конвенцијата на Lions Clubs International во Охајо на која беше поканета елоквентната Хелен Келер, таа успеа да ги мотивира присутните во насока што ќе го смени животот на милиони луѓе ширум светот. Нејзиниот говор толку силно влијаел врз насочувањето на Lions Clubs International што заслужува да биде цитиран:

„Драги Lion-си и драги дами, верувам дека ја знаете легендата која „можноста“ ја опишува како каприциозна дама која на вратата тропнува само еднаш и доколку не се отвори веднаш оди понатаму и никогаш повеќе не се враќа. Исто така ниту симпатичните дами што ги преферирате нема да чекаат. Појдете и зграбчете ги. Јас сум вашата можност. Јас тропам на вашата врата. Сакам да ме примите. Легендата не вели што треба да се направи ако на иста врата затропаат повеќе прекрасни можности. Мислам да ја одберете онаа што најмногу ви се допаѓа. Тука сум најмлада и она што имам да ви го понудам е мноштво прекрасни можности за помош. Обидете се да си претставите како би се чувствувале доколку случајно би ослепиле. Замислете си како се сопнувате и пипкате наоколу, како среде ноќ и како вашата работа, вашата независност - ги нема повеќе. Зарем нема да се развеселите ако во таа темнина пријател ви понуди рака и ви вели: Појди со мене и ќе те научам како да ги направиш оние работи што ги правеше кога гледаше. Слушнавте како со малку зборови вистинскиот човека со искра светлина на својата душа ја допре темнината на моите мисли и ми помогна да се најдам себе си , да најдам свет, да го најдам бога. Затоа, што мојот учител ме изведе и ја прекрши мојата темнина, тивкото заробеништво и ме убеди дека сум способна да си помогнам себе си и на другите. Грижата е она што ни треба - не пари. Подарокот без сочувство и интересирањето на оној кој подарува е празен подарок. Доколку ви значи, доколку заедно ги подготвиме луѓето на оваа голема земја да им значи – слепите навистина ќе слават победа над слепилото. Зарем нема да ми помогнете што поскоро да дочекаме ден кога ќе нема слепило, кога нема да биде невозможно да се спречи;ниту едно глуво или слепо дете не поучено; ниту еден маж или жена немоќни. Ве повикувам Lions-и , вас што гледате и слушате, вас кои сте моќни и храбри и чувствителни. Зар нема да се здружите, витези на сите слепи, во битка против темнината?“

Уште пред да ја напуштат конвенцијата во Охајо , делегатите објавија војна против слепилото и таа како главна активност остана и ден денес. Секако дека и претходно им е помагано на слепите но по настапот на Хелен Келер војната против слепилото стана приоритет на секој Lions и на сите клубови во светот, како нивна заедничка цел.


Се раѓаа нови идеи како да се помага

Освен војната против слепилото и нејзините причини, Lionѕ0ите беа истовремено вклучени во организација на лекарските кампови, млечните фондови и училиштата на отворено. Во борбата против слепилото развиени се бројни различни можности. Барана е работа за слепите, плаќана е нарачката за „JUVENILLE BRAILLE MAGAZIN“ и слично. Во јули 1926 година во „LION MAGAZIN“ е објавен податокот дека во првите 11 месеци од фискалната година 143 клубови од 34 земји веќе пратиле известувања за успесите во помагањето на слепите.

Се раѓаа нови идеи. Белиот стап, што денес е симбол на слепите ширум светот, е идеја реализирана токму во тој период. Lion Џорџ Бонхам, тогашен претседател на Lions клубот од Пеорија, забележал слеп човек кој тешко ја поминувал прометната улица со помош на своето куче водич. Возачите не можеле да го разликуваат од другите пешаци кои со своите миленици ја минувале улицата и по ништо не се разликувале од нив.

На Бонхам му текнало дека белиот стап со портокалова лента би ги предупредувал возачите дека станува збор за слеп човек. Колегите од клубот во Илиноис ја поддржале неговата идеа и кусо време потоа на сите слепи сограѓани им биле поделени вакви стапови. Успеале и од градската управа да издејствуваат одлука според која слепите со белиот стап имаат предност во прометот кога ги минуваат улиците.

Во 1956 година, значи цели триесетина години потоа, таа идеја на еден единствен Lion е прифатена на територијата на САД и пропишана со закон, за подоцна да биде прифатена во целиот свет. Денес законот важи за слепите учесници во сообраќајот кои се движат со куче водич. Таквите иницијативи со законската регулатива на слепите им ја зголемија слободата на движењето. Од друга страна, тоа ја зголеми нивната независност, но и достоинството.

Друг Lion, кој ослепел во текот на Првата светска војна, ја пронашол Бенксовата џепна направа за пишување на Браево писмо. Посебните потреби создаваа секогаш нови идеи за помош на слепите. Неверојатна е истрајноста на Lions-ите во пронаоѓањето патишта за помош на слепите. Над 6000 слепи добија слобода на движење така што беа опремени со кучиња водичи обучени во школото за кучиња во Рочестер.Кога белата палка стана симбол на независноста, слободата но и грижата на сите кои имаат проблеми со видот, така и кучињата водичи кои им помагаа на слепите станаа симбол на тим од две живи суштества кои се меѓусебно зависни и претставуваат симбол на пријателство и соживот.

Во 1939 година членовите на Lionѕ клубот Детроит со свои средства го основаа училиштето на кучиња водичи на слепи во Рочестер. Почетокот бил со обука на четири кучиња земени од околните фарми, обучувани четири недели и потоа доделени на слепи корисници. Денес оваа активност постои ширум светот. Белата палка и кучињата водичи во значителна мерка ја зголемија независноста на слепите и тоа многу подобро отколку се претпоставуваше една деценија пред тоа.

Нов период во развој на Lion-измот како светско движење

Lions Clubs International денес доживува развој што тогаш тешко можел да се претпостави. Асоцијацијата дејствува во 207 држави, во над 48.000 клубови, со околу 1,4 милиони членови. Само во Втората светска војна, според податоците, биле вклучени на страната на сојузниците над 24.000 Lions-и во униформа. Во таа бројка не се Lions-ите што од дома ги подржувале војниците. Собирале старо железо и организирале собирање средства за поддршка на војниците. Им праќале пакети и им помагале со сопственото присуство.

Уште пред да се разгори војната, тогашниот претседател на Lions Clubs International Александар Велс размислувал како Lions-ите да ја преземат улогата на стабилизатори во тие немирни времиња, преполни со конфликти, насилство и конфузија што предизвикуваа голема загриженост. По војната Lions Clubs International навистина ја презеде улогата на миротворец. Кога Организацијата на обединетите Нации донесе одлука да го „излекува“ светот зафатен од војна, го почести Lions Clubs International со тоа што му додели советодавен статус во востановените одбори на ООН.

1945: Обединување на нациите

Всушност, идеалот на една меѓународна организација го илустрира и трајниот однос и поврзаноста со Обединетите нации. Нашата поврзаност, поддршка и соработка со невладина Организација на Обидинетите Нации, датира од нејзиното основање, односно од поканата нашата асоцијација да помогне во подготвувањето на Повелбата на Обединетите нации. Мелвин Џонс, заедно со поранешните меѓународни претседатели Фред В.Смит и Д. А. Скин биле замолени и помогнале во развојот на делот од Повелбата на ООН кој го регулирал прашањето за односите со невладините организации.


Постер на мирот – генијална идеја за буде ње на совеста на младите

Желбите за будење на совеста за значењето на мирот меѓу луѓето на целиот свет силно се разбуди и во срцата на Lions-ите. Тоа резултираше со Peace Poster Contest, иницијатива што привлече внимание во јавноста со оргиналниот пристап и придонесот кон создавањето свест за живот во мир и благосостојба на сите луѓе на светот. Тој проект го раздвижи размислувањето на децата ширум светот за вредноста што ја претставува мирот, како и во претставувањето на таквите идеи на хартија. Во тој проект секоја година учествуваат деца од целиот свет, на возраст од 11 до 13 години. Меѓународните натпревари секогаш се на различни но сепак блиски теми поврзани со мирот и се одржуваат веќе 25 години. Проектот почнува на ниво на клуб, дистрикт, мулти-дистрикт и завршува со објавувањето на одбраниот постер и на победникот на годишната конвенција на Lions Clubs International. Авторот на најдобриот постер, неговиот ментор и родителите се гости на конвенцијата, авторот добива и парична награда, а постерот останува во вториот по посетеност музеј на светот - во Музејот на науката и индустријата во Чикаго. Што се можат младите уметници од целиот свет и како размислуваат за мирот е тешко да се претстави – треба да се види и да се биде вклучен во тој величествен процес.


Меѓународната размена на млади развива посебни пријателства на илјадници млади од целиот свет

Друга таква побуда, која го зацврстува мирот во светот и разбирањето меѓу луѓето на целиот свет е Маѓународната програма за размена на млади во која се вклучени Lions-ите од целиот свет. Секое лето во текот на училишниот распуст на илјадници млади на возраст од 17 до 21 година им се нуди можност да одат на гости кај своите врсници ширум светот. Заедно поминуваат неколку недели во блиски лични односи, разменувајчи знаења и искуства и учат меѓусебно да се разберат. Тоа искуство ги поставува меѓу луѓе кои ќе создаваат нов, подобар и поправичен свет.


Обединувањето на средствата овозможува остварување на големи проекти

Во 1968 година е основаа нашата фондација. Lions Clubs International Foundation со цел да им помага на Lions-ите во остварувањето како на глобалните и големите, така и на малите, локални хуманитарни проекти. Преку нашата фондација, Lions-ите ги задоволуваат потребите на нивните локални и глобалната заедница. Фондацијата растеше постапно, беа потребни пет години за да се соберат доволно средства за остварување на започнатите идеи. Денес е една од најмоќните фондации во светот која има помагано во бројни природни катастрофи и несреќи , а создава и основа за реализација на бројни хуманитарни проекти во целиот свет. Во 2007 година престижниот Financial Times ја прогласи нашата фондација за најдобрата меѓународна невладина организација во светот. Без таа фондација веројатно потешко би ја реализирале следната активност Sight First - без фондацијата ќе ги немаше бројните активности за превенција и спречување на слепилото, како и на елиминирање или намалување на нејзините последици.


1990 година – Почеток на Sight First програмата

Преку SightFirst, Lions-ите работат на враќање на видот и на спречување на слепилото на глобално ниво. Од 1990 година за оваа иницијатива се издвоени над 500 милиони долари. Целите на Sight First се однесуваат на сузбивање на причините за слепило: катаракта, трахома, речното слепило, детското слепило, дијабетична ретинопатија и глауком.


Во Lions Clubs International се вклучуваат жени – организација та созрева

Годината 1987 претставува пресвртница и ново поглавје во историјата на нашата хуманитарна организација. Организација, која седум децении негуваше статус на машка организација, иако жените кои сакаа да се вклучат во организацијата можеа да се зачленат во таканаречените Lioness клубови, кои исто така како и Leo клубовите претставуваа работна програма на Lions клубовите. Првиот Leo клуб е организиран во 1957 година во Пенсилванија, а првиот Lioness клуб во 1975 година. На годишната конвенција во 1987 одржана во Тајван, со 77 процентно мнозинско гласање изгласан е заклучок да се избрише одредбата согласно која членот мора да биде од машки пол.


Lions Clubs International конечно дојде на Балканот

Падот на „Железната завеса“ отвори ново поглавје во работата на Lions Clubs International имаше нова територија за освојување и организирање клубови, како и нови луѓе на кои им треба помош. Првиот клуб во Источна Европа беше организиран во Будимпешта, Унгарија, а веднаш потоа организацијата продолжи да се шири во останатите држави од регионот. Како што се чуствуваше ефектот на кадифената револуција, така државите полека стануваа дел од асоцијацијата. Следуваа Полска, Естонија, Чешка и Словачка, Руската Федерација, Романија итн. Првиот клуб во поранешна Југославија беше основан во Словенија, тоа беше мојот прв клуб, Lions клубот ЉУБЉАНА, а потоа се основаа клубови во Хрватска, Босна и Херцеговина, за во 1997 година Македонија да стане дел од Lions Clubs International. Основањето на вашиот прв клуб, Lions клубот СКОПЈЕ беше за асоцијацијата и за мене лично можеби најважното случување, но тоа е веќе друга приказна која треба да ја раскаже некој друг.