Lions District 132 North Macedonia

Преку партнерството на Специјална Олимпијада Северна Македонија и Сојузот на лајонс клубови на Северна Македонија – Д132, до подобри услови за лицата со интелектуална попреченост

Скопје, 25.04.2024 – Надоврзувајќи се на долгогодишната глобална соработка посветена на подобрување на грижата за здравјето и видот кај лицата со интелектуална попреченост, Специјална Олимпијада Северна Македонија и Сојузот на Лајонс Клубови на Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка и партнерство на национално ниво со што, двете организации создаваат систем за овозможување помош и креирање на програми со голема социјална важност за лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства во Северна Македонија.

Со цел овозможување општествено важни услуги ширум светот, овој чекор претставува продолжување на заедничките напори на „Специјална Олимпијада“ и „Д132“ кои датираат уште од 2001 година и негуваат силни национални и локални односи. Преку ваквата соработка се охрабруваат волонтери, се поттикнува активација на локалните заедници и дополнително, атлетите на Специјална Олимпијада се поврзуваат со неопходните здравствени институции.

Денешното партнерство е значителен чекор напред кон создавање на инклузивни заедници и општество во Северна Македонија. Со здружувањето на силите со Сојузот на лајонс клубови на Северна Македонија – Д132, целиме кон зголемување на поддршката потребна за општествениот успех на лицата со интелектуална попреченост. Веруваме дека со ваквите соработки заеднички можеме да ја креираме позитивната промена за нашите атлети и лицата со интелектуална попреченост ширум државата. Ги охрабрувам сите добронамерни индивидуи, компании и институции да го следат примерот на Д132 и да ни се приклучат во оваа мисија“ – изјави г-ѓа Моника Бошковска, Претседател на „Специјална Олимпијада Северна Македонија“.

Како општествено одговорна, непрофитна организација посветени сме кон создавање долготрајна општествена промена. Со оваа соработка уште еднаш потврдуваме дека со заедничко делување можеме да работиме и да поттикнеме градење на поинклузивна средина за сите, вклучително и за лицата со интелектуална попреченост.“ – изјави гувернерката на Д132, г-ѓа Бети Деловска.

Со Меморандумот за соработка опфатено е заедничко делување во насока на развој и имплементација на повеќе програми, вклучувајќи ги и заедничката програма „Opening Eyes“, програмата „Млади атлети (Young Athletes)“, Форуми за семејно здравје, „Unified Sports®“ и експанзија на „Champions Lions Club“.

###

За “Специјална Олимпијада Северна Македонија“

Формирана пред повеќе од 20 години, таа е дел од “Специјална Олимпијада“ (Special Olympics), светски раширено движење активно во повеќе од 150 држави од целиот свет, со над  2.2 милиони активни учесници и околу 750.000 волонтери. Како олимписки партнер на “Меѓународниот Олимписки Комитет“ (International Olympic Committee), “Специјална Олимпијада“ годишно организира и реализира повеќе од 200 национални програми – натпреварувања кои вклучуваат локални, национални, регионални и светски натпревари, турнири и игри.

 “Специјална Олимпијада – Северна Македонија“ функционира како непрофитабилна и невладина организација која опфаќа еден многу важен општествено-социјален сегмент, со посебен акцент кон лицата со пречки во развојот. “Специјална Олимпијада – Северна Македонија“ има 10.000 активни членови, од кои 2.500 се Атлети.

За “Lions Clubs International “

Lions Clubs International (LCI) е глобална непрофитабилна организација посветена на овозможување општествено корисни работи и хуманитарност. Со повеќе од 1.4 милиони членови во повеќе од 200 држави и области, LCI е најголема светска организација во форма на општествено услужен клуб.

LCI е посветена во различни сфери на услуги, како грижа за видот, грижа за млади, помош при непогоди и катастрофи, борба против глад и сиромаштија.

Покрај ова, еден од приоритетите на LCI е развој кај младите преку иницијативи како „Lions Quest “, која промовира позитивен развој кај младите и размена на важни животни вештини помеѓу младите. Дополнително организацијата подржува програми како програмата „Leo Clubs “, вклучувајќи ги младите лидери во општествено корисни проекти и негувајќи можности за развој на лидерство.

Со огромната глобална мрежа на лојални членови, Lions Clubs International продолжува со правењето влијателни напори кон подобрување на заедниците на глобално ниво, охрабрувајќи го етосот на волонтеризам и хуманитарност. Преку својата разновидна палета на проекти и иницијативи за општествено корисни услуги, LCI успешно ја следи својата мисија да помага на оние на кои најмногу им е потребно и да создаде позитивна промена на светско ниво.

Оригинална медиумска објава: https://najdobro.mk/specijalna-olimpijada-i-sojuz-na-lajons-klubovi/

Lions

Клубови

Leo

Клубови

Активности