Арвиндер Пал Синг, од Калкута, Индија, беше избран за меѓународен претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубовите на 107-та меѓународна конвенција на организацијата, што се одржа во Орландо, Флорида, од 13 до 17 јули 2025 година.
Меѓународниот претседател Сингх е овластен сметководител и има семеен бизнис во дилерства за автомобили.
Лајон е од 1984 година и член на Лајонс клубот Калкута Викас. Меѓународниот претседател Синг служел на многу позиции во организацијата, вклучувајќи ја функцијата гувернер на дистрикт и претседавач на советот на гувернери.

Тој бил меѓународен координатор на глобалниот тим за развој на членство во текот на четири години и член на голем број ad hoc комитети на одборот. Претседавал со семинарот за избрани гувернери во 2017 година во Чикаго, САД, а бил предавач во повеќе од 50 официјални институти и програми за сертификација. Тој исто така бил и меѓународен координатор за кампањата SightFirst II, лидер на конститутивна област за кампањата 100, член на Одборот на доверители на Меѓународната фондација и претседател на Националниот комитет SightFirst на Индија.
Меѓународниот претседател Синг учествувал и држел семинари на регионални форуми во сите конститутивни области, а бил и копретседател на Организацискиот комитет на Форумот ISAAME во Калкута, Индија.
Како признание за неговата работа во Асоцијацијата, меѓународниот претседател Синг е добитник на бројни награди, вклучувајќи повеќе медали на меѓународните претседатели, како и наградата „Амбасадор на добра волја“, највисокото признание што Асоцијацијата им го доделува на своите членови. Тој е значаен донатор за кампањата SightFirst II и кампањата 100, и прогресивен член на Братството на Мелвин Џонс.
Покрај неговите активности како Лајон, меѓународниот претседател Синг бил иницијатор на разни програми за сервисна работа во соработка со други организации, фондации и корпоративни партнери. Работел на воспоставување веб-базирана платформа за развој на лидерство, програма за микрофинансирање и организирал повеќе големи онлајн настани за да ги задржи Лајонсите ангажирани во текот на пандемијата.
Меѓународниот претседател Синг има три деца.


