Lions District 132 North Macedonia

Меѓународна претседателка

Д-р Пати Хил од Едмонтон, Алберта, Канада беше избрана за меѓународна претседателка на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубовите на 105-тата Меѓународна конвенција, кој се одржа од 7 до 11 јули, 2023 година.

Меѓународната претседателка Хил е консултантка со 30 години искуство како едукатор и психолог. Таа има менторирано постдипломци, како и психолози во образовниот процес, а активно се залага за правата на децата и младите кои се глуви и/или слепи, односно имаат некакво оштетување на нивниот слух и вид.

Членка е на Лајонс клубот Едмонтон Хоуст од 1990 година. Д-р Хил, има служено на повеќе функции во Асоцијацијата, вклучувајќи гувернерка на дистрикт, координаторка за развој на членство, координаторка за животна средина, координаторка за меѓународна конвенција и меѓународна соработка и разбирање. Покрај тоа, таа има служено како членка на Комитетот за Лајонс форумот на САД и Канада, мулти-дистрикт координаторка за кампањата SightFirst II, секретарка на Лајонс банката за рожници во Алберта, потпретседателка на Лајонс офталмолошкиот истражувачки институт на Северна Алберта и презентерка на многу форуми и конвенции. Д-р Хил е конститутивна членка на Консултативниот комитет на Лајонсите од Канада.

Како признание за нејзината работа со Асоцијацијата, меѓународната претседателка д-р Хил има добиено бројни награди и признанија, вклучувајќи неколку награди на меѓународниот претседател. Таа е признаена како Амбасадорка на добра волја, највисокото признание што Асоцијацијата го доделува на своите членови. Таа е исто така членка на Братството на Мелвин Џонс и добитничка на бројни други признанија.

Покрај нејзините активности со Лајонсите, меѓународната претседателка д-р Хил е активна во бројни професионални здруженија и организации за борбата за човековите права и сл. Во минатото, таа служела како извршен офицер на Сојузот на школски психолози на Алберта и на Сојузот на канадски едукатори за лица со оштетен слух. Д-р Хил, исто така, служела во Советот за лица со пречки на премиерот на Алберта. Меѓународната претседателка д-р Пети Хил и нејзиниот сопруг, Грег Холмс, исто така Лајон, уживаат во времето со своето семејство, кое ги вклучува Питер, Карли и внукот Александар, Ерин, Мајк и внуката Виолета, Џесика и Мич.

Lions

Клубови

Leo

Клубови

Активности