ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ ЗА 2023-2024
Слоганот за лајонистичката година 2023-2024 е „Акција за промени“ (Action for Change) и совршено се вклопува во годината на меѓународната претседателка д-р Пети Хил „Changing the World“, како и во имплементацијата на стратегискиот документ за организациски развој на дистриктот „Нов циклус: 2023-2028“. Гувернерката Бети Деловска, за лајонистичката година и во рамките на својот повик за служење има утврдено 5 поединечни приоритети и 15 јасни цели.
Приоритет 1. Позелена и почиста животна средина
- Зголемено влијание преку сервиси за подобра животна средина
- Поврзување и вклучување на локалната заедница
- Зголемена поддршка за сите глобални цели
Приоритет 2. Зголемен потенцијал на младите
- Подмладување на членство и лидерство
- Зајакнување на капацитетите и искористување на потенцијалот
- Инклузивност за потребите на заедницата
Приоритет 3. Зајакнување и зголемување на влијанието
- Влијание преку сервис
- Членство преку сервис
- Промена преку сервис
Приоритет 4. Наследство
- Амбициозни сервисни цели
- Максимизирање на поддршката на Фондацијата
- Партнерства
Приоритет 5. Приказна
- Раскажи ја личната приказна
- Споделуваме информации
- Препознатлив бренд