Меѓународен директор

На Националната конвенција на Дистрикт 132 Северна Македонија, одржана во Скопје на 1 март 2025 година, делегатите, по номинација од Лајонс клубот Скопје МАТКА, го поддржаа поранешниот гувернер Андреја Стојковски како кандидат за меѓународен директор за мандатниот период 2026–2028.

Лајон Андреја е основач и активен член на Лајонс клубот Скопје МАТКА. Во своето повеќе од 25-годишно членство, тој служел во различни улоги, вклучувајќи претседател и секретар на клубот, секогаш посветен на служењето, лидерството и порастот на членството. Како гувернер на дистриктот во 2012–2013 година, својот мандат го насочи кон јакнење на членството и лидерството и иницираше проекти со трајно влијание во заедницата, меѓу кои и учеството на дистриктот во партнерството помеѓу USAID и LCIF, што донесе поддршка за децата со оштетен вид.

Неговиот ангажман се протега на европско и меѓународно ниво. Како предавач на официјалните институти на Асоцијацијата и активен поддржувач на Лајонс академијата Европа, придонесува за организациски развој и обединување на европските структури. Воедно, како специјалист за развој на членство за Шпанија и Португалија и член на Глобалниот тим за акција на Европа, работи на специјалист за пораст на членството. Посветен е и на унапредување на служењето, особено преку поврзување на еколошките иницијативи на Асоцијацијата со глобалните рамки за климатски промени.

Со своето искуство, лидерство и глобален ангажман, Лајон Андреја ги отелотворува вредностите и визијата на Асоцијацијата и поради тоа:

Цврсто веруваме дека лајон Андреја Стојковски е најсоодветниот кандидат за да ѝ служи на нашата Асоцијација како меѓународен директор. Неговото богато искуство, докажано лидерство и постојаната посветеност го прават исклучително подготвен да придонесе за натамошен развој и пораст на глобално влијание на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубовите.

Длабоко вкоренет во духот на лајонизмот, за Лајон Андреја, водечки принцип е:
Да се негува пријателството како цел, а не како средство.

Овој знак го отсликува карактерот и уверувањата на Лајон Андреја. Во неговото средиште цвета Алшарската темјанушка (лат. Viola allchariensis), стеноендемит од Северна Македонија. Петте ливчиња, во нијансите на виолетово и сино, ја величаат природната убавина на цветот, како и разновидноста на нашето Лајонс семејство. Во јадрото, златното срце кое го носи нашиот амблем, тивко го изразува едноставниот став: да се води значи да се служи, а да се служи значи да се допират срцата.

Силно поврзан со природата, виолетовата боја на темјанушката ја симболизира скромност, лојалноста кон асоцијацијата и грижата за луѓето — онаква каква што има родителот кон сопственото дете. Ова ја изразува неговата длабока посветеност на младите, идните лидери, и емпатијата што е во срцето на служењето и лидерство.

За повеќе информации за Лајон Андреја Стојковски, погледнете ја оваа архива и изберете еден од тринаесетте службени јазици на Меѓународната асоцијација кој го познавате.